Излеана голема количина мазут на брегот на Дебарското Езеро

0
22

На брегот на Дебарското Езеро, на делот кај месноста „Венец” се излеа поголема количина мазут. На оваа катастрофа најпрвин алармираа спортските риболовци кои секојдневно се на брегот на езерото.

Тие се изреволтирани што ова се случува откако започнал да се збогатува рибниот фонд:

„Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува сè до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова“, велат рибарите, пренесува „Слободен печат“.