Илјадници Македонци викендов ќе се вакцинираат во Србија

0
25

Илјадници Македонци кои добиле термини викендов ќе заминат да ја примат вакцината „АстраЗенека“ во Србија, пренесува Плусинфо.

Вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“, во просториите на Белградскиот саем.

Министерство за здравсто во земјава објавидека нема никаква пречка тие да се вакцинираат во било која друга земја, ако добијат уредна потврда.

Викендов во Белград ќе се организира и вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Во Македонија сè уште не е започната масовната вакцинација на населението ниту пак се знае точен датум кога ќе пристигнат вакцините и ќе почне имунизацијата. Досега вакцинирани се само дел од медицинските лица со вакцините на „Фајзер“ донација од Србија и  3.000 на „Спутник“ купени од Русија.