Инкасатор од Неготино трошел пари од наплата на сметки, негови колеги го потпомагале

0
81

Службено лице инкасатор од Неготино се служело со парите што ги зел при наплата на сметки од граѓаните.

Предизвикал материјална штета од 250.631 денар, информираат од МВР.

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С. Л. (46) од Неготино, службено лице инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата, С. Д. (44) од Неготино, раководител на административното одделение, и М. А. (60) од Велес, одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“ – Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, додаваат од ресорното Министерство.