Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави две списи од министерот за здравство за набавка на кинески вакцини

0
51

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави две списи од министерот за здравство за набавка на кинески вакцини, за кои се вели дека биле посредувани од кинеска фантомска компанија за време на постапката за купување. Од италијанскиот весник тврдат дека содржината на второто писмо во кое компанијата Синофарм, но и државата Кина нема да одговора за евентуалните последици од користењето на вакцината, е проблематична. Според италијанскиот весник, ова е во спротивност со многу меѓународни конвенции и претставува кршење на заштитата на здравјето на граѓаните. Но, министерот за здравство ги негираше обвинувањата.

Опозицијата бара од Обвинителството да го реши случајот обвинувајќи ги премиерот и министерот за здравство за корупција

Антикорупциската комисија соопшти дека ќе започне постапка за собирање податоци и информации за расчистување на случајот. Инаку, премиерот Зоран Заев вчера негираше каква било злоупотреба или кршење на законот.

Алсат телевизија