И модуларната болница во Охрид се наполни со пациенти

0
51

Модуларната болница во Охрид е исполнета целосно, се повеќе пациенти со ковид 19 и тешка клиничка слика се хоспитализираат во болницата на сите ковид одделенија, а Охрид и понатаму е меѓу првите пет градови кои се жаришта на вирусот.

Она што загрижува е што меѓу хоспитализираните се се помлади пациенти кои развиваат тешка клиничка слика на ковид19, голем дел од нив се приклучени на кислородна поддршка.

И покрај забрзаното исполнување на болничките капацитети директорот Балевски вели дека има слободни кревети. Но состојбата загрижува со оглед на секојдневните двоцифрени бројки на новозаразени во градот.

Охрид е меѓу градовите каде изминативе недели забрзано се шири британската мутација на вирусот. Во првата недела од февруари биле евидентирани 113 нови случаи, а во последната 122 случаи.

Во првите седум дена од март пак според статистичките податоци во Охрид се регистрирани 152 нови позитивни случаи на COVID-19. Моментално има 440 активни случаи.

24 вести