Каква е состојбата на лицата кои се здобија со повреди при експлозија на плинска боца во Матечје

0
22

Заменик министерот за здравство Илир Хасани, истовремено директор на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, одговори за здравствената состојба на 6 повредени во Матејче

За ТВ21 тој вели дека нивната состојба е стабилна.

Според информациите што ги имам, во моментот состојбата на сите повредени е стабилна“, рече Хасани.

Инаку, 6 лица на возраст од 30-40 години беа повредени откако експлодираше плинска боца во викенд куќа во Матејче каде што престојувале.