Каменувано полициско „јети“ во Арачиново, нападнат полицаец на Водњанска

0
20

На 28.03.2021 во 22.55 часот во с.Арачиново, додека полициски службеници вршеле обиколка со службено возило „шкода јети”, едно лице со камен го оштетило возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Водњанска” во Скопје, Н.Ј.(47) од Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Полицаецот постапувал по претходна пријава од М.К., поранешна сопруга на напаѓачот дека сака насилно да влезе во нејзиниот дом.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.