Каракачанов: Никаде не сум кажал дека македонски политичари поседуваат бугарски пасоши

0
62

Министерот за одбрана на Бугарија и вицепремиер Красимир Каракачанов, во изјава за „Сител“ вели дека никаде во својата објава не кажал дека објавените имиња се македонски политичари.

Македонските политичари одамна станаа мајтап, не само во Македонија туку во целиот свет. Но во Бугарија законот е ваков: 40 дена пред изборите секоја општина објавува списоци на луѓето кои имаат рправо на глас. Јас си поиграв малку, и почнав да ги гледам кои може да гласат во Ќустендил, Благоевград, Софија и има многу македонски со бугарско државјанство. И има многу интересни имиња.“, вели Каракачанов кој потоа кажува дека никаде во постот не кажал дека се поранешни или сегашни политичари и пратеници.

„Никаде не сум кажал дека тие имиња се поранешни политичари или сегашни и членови на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници. И вие како македонски новинари може да влезете во сите општини и да ги прегледате списоците. Ве уверувам дека ќе дојдете до интересни имиња“, изјави Каракачанов.