Корона вирусот ќе биде под контрола во Европа и САД до крајот на летото, вели основачот на БиоНТек

0
13

Угур Сахин, основач на компанијата БионТек (BioNTech), која со Фајзер (Pfizer) ја разви вакцината против КОВИД-19, верува дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.

Германците сè повеќе се нетрпеливи во однос на рестриктивните мерки наметнати поради корона вирусот, а владите на ЕУ се критикувани за бавната вакцинација на населението и тешкотиите при набавката на вакцините.

Сахин, основачот на германската компанија БиоНТек, смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот повеќе нема да претставува таков проблем.

„Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото“, изјави тој за весникот Велт ам Зонтаг.

„Ќе има појави на вирусот, но тоа ќе биде ‘шум во позадина’. Ќе има мутации, но тоа нема да не исплаши “.

Досега речиси девет проценти од населението во Германија примило барем една доза на вакцина. Во Британија, повеќе од 50 проценти од граѓаните примија единечна доза.

Бавните вакцинации и продолжувањето на рестриктивните мерки во Германија влијаат на популарноста на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, кои според анкетите ја губат поддршката во изборната година, пренесува Ројтерс.

„Многумина едноставно се разочарани“, изјави за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ баварскиот конзервативен премиер Маркус Соде, потенцијален наследник на Меркел на парламентарните избори.

„Погрешен потег може да ризикува овој трет бран на вирусот да биде траен“, рече тој пред состанокот на регионалните и националните лидери во понеделникот, на кој разговараа за мерките против КОВИД-19.

„Имаме алатка: рачна сопирачка. Мора строго да се примени насекаде во Германија“, нагласи Содер, зборувајќи за можноста за запирање на постепеното олеснување на мерките против корона вирусот.