Коцарев ретерира: Се радувам што се потврди дека нема да се укинува катедрата за македонистика

0
69

Коцарев ретерира. Тој со помирувачки тон, тој во изјава за Канал 5 дообјаснува дека сите досегашни изјави биле негови лични ставови и се радува, како што рече, дека тврдењата за укинување на катедрите се покажале како неточни.

-Се радувам што на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за Македонски јазик и книжевност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот рамо до рамо со различните отсеци секогаш да бидат вклучени и отсеците за Македонски јазик и јужнословенски јазици и за Македонска книжевност, како и јужнословенската. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со една единствена цел заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески, изјави за Канал 5, академик Коцарев.