Кочо Анѓушев: Не знаевме дека наше возило ја чисти Белата куќа

0
38

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во својата компанија „Брако“ во присуство на премиерот Зоран Заев и други членови на Владата го промовираше првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

– Веќе направивме пробно возење. Ова е гордост за Велес и за инжињерите на Брако. Едниот тип е првото во светот водородно возило на хидрогенски погон за чистење на улици и произведено е во нашите хали и дело на 60-тината инжињери на Брако, чија просечна старост е под 30 години, а тројца се вратија во Македонија од светските универизтети. Две се веќе продадени во Амстердам и Утрехт и веќе ја обавуваат својата функција. Вториот тип на возило е комплетно развиено во оваа фабрика, како дизајнот, така и повеќето делови како компненти се произведени во овие хали. Тоа не е само монтажа. Ова е едно од најмодерните во својата класа и има најсовремени системи на управување, рече машинскиот професор.

Бизнисменот рече дека ова е начинот како да се извезуваат производи надвор од Македонија, а не деца. Според Анѓушев, треба само да се произвдеуваат производи кои се извозно ориентирани со додадена вредност. За тоа е потребно да се следат најновите технологии .

– Нашите возила го чистат Вашингтон, Лондон, пред две недели продадовме возило на кралскиот дворец, Не знаевме, но видовте дека наше возило ја чисти Белата куќа пред номинацијата на новиот американски претседател Џо Бајден. Така се погоди, не го знаевме тоа, но го видовме во американските весници, рече Анѓушев.