„Ла верита“: Зделката за кинеските вакцини пропадна затоа што Македонија вклучила фантом фирма во преговорите

0
95

Скандалозното враќање на авансот и пропаѓањето на зделката за набавката на кинеската вакцина се случиле поради тоа што во целата игра македонската влада вклучила фантом фирма од Хонг Конг која предизвикала сомнеж за измама кај кинеската Влада –  Италјанскиот весник „Ла верита“  објави нов скандал под наслов „Битка помеѓу Русија и Кина за Балканот“.

Според весникот, тие ги виделе писмата од декември и јануари со кои владата  договорила набавка на вакцини со Пекинг каде дури имало и гаранции од наша страна со која се ослободува Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Цел процес бил попречен откако тамошната влада дознала дека истиот би се одвивал преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг.

Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим – пишува „Ла верита“.

Премиерот Заев призна дека при набавката на вакцините била користена приватна фирма како посредник и дека тоа било причината Кина да го врати капарот, но негира било каква злоупотреба.

Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро. Јас а и министерот за здравство ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен – изјави премиерот Зоран Заев.

Официјален Пекинг уште на 28 февруари извести дека го враќа авансот за вакцините на „Синофарм„. Тогаш од ресорното Министерство, се правдаа дека проблем во зделката било усогласување на документацијата помеѓу министерствата за надворешни работи од двете земји, а не спомнаа дека всушност проблем било користењето на фирма посредник.

Преземено од АЛФА ТВ