Лукашенко: Ќе има други претседатели, но бидете трпеливи

0
39

Ќе има други претседатели, ви гарантирам. А тогаш ќе можете да правите споредби и да разберете сè. Засега бидете трпеливи“, порача Лукашенко.

Тој додаде и дека „светот полудел“ и ги замоли граѓаните да бидат поблиски едни со други.

„Мораме да го преживееме ова. Светот полуде. Луѓето се изгубија. Ова е погрешен момент за преминување во крајност. Поради тоа оваа година ја прогласив за година на народното единство“, кажа Лукашенко и изрази надеж дека Белорусија ќе остане единствена.

Претседателските избори во Белорусија беа одржани на 9 август минатата година и на нив Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека опозиционерката Светлана Тихановскаја освои 10,12 отсто, но одби да ги признае изборните резултати.

По изборите беа организирани масовни протести против Лукашенко, а властите тврдат дека демонстрациите се организирани од странство.