Луѓето во Помпеја умреле за 15 минути од пепел и гас, не од лава

0
18

Околу 2 илјади лиѓе загинале во градот и неговата околина кога во 79 година вулканот Везув еруптирал. Но, тие не биле проголтани од жешката лава, туку задушени од пирокластична густинска струја која се движела со брзина и до 450 километри на час. Тоа всушност бил облак од токсични гасови и вулканска пепел, смртоносна комбинација. Ова го тврдат истражувачите од Унизерзитетот во Бари.

Заедно со колегите од Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), како и Британскиот геолошки истражуваки центар во Единбург, истражувачите испеале да направат рекострукција на деструктивниот пирокластичен облак, направен од парчиња стврдната лава, вулканска пепел и жешки токсични гасови.

„Облакот достигна температира од над 100 степени и беше составен од CO2, хлориди, честички блескава пепел и вулканска гас“, вели Роберто Изаја, главен истражувач од Опсерваторијата Везув при ИНГВ.

Облакот од гас го прекрил градот за 10 до 20 минути кратко по полноќ, задушувајќи ги несреќните жители кои биле затекнати во своите кревети и домови. Ерупцијата почнала околу 13 часот претходниот ден.

Некои жители на околните гратчиња Оплонт, Стабија и Херкуланеум веројатно биле усмртени од врнежи од пемза и вулкански камења, настан познат како лапил, иако поголемиот дел најверојатно доживеале страшна смрт во агонија бидејќи биле задушени од токсичните вулкански гасови.

За жителите на Херкуланеум, град на падините на Везув, преживувањето било невозможно со оглед на жестокоста на пирокластичниот тек. Во рок од два дена, вулканот исфрлил термална топлина поголема 100 илјади пати од онаа на атомските бомби фрлена врз Хирошима и Нагасаки и ги затрупал локалните населби со дури до 9 метри пепел и разни други парчиња.

Ваквиот вид на истражување може да послужи за во иднина да се зголеми граѓанската безбедност за населението кое живее во близина на активните вулкани во светот.