Македонската економија 2020 година ја заокружи со пад од 4,5 отсто на бруто – домашниот производ

0
61

Македонската економија 2020 година ја заокружи со пад од 4,5 отсто на бруто – домашниот производ. Во последниот квартал од минатата година забележан е поблаг пад од 0,7 отсто на БДП. Последните владини проекции за пад од -4,4 отсто се блиску до податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. Во последното тримесечје најголем пад од 10 отсто имало рударството, но и трговијата на мало и големо која бележи пад од 7,9 отсто. Дејност со раст е земјоделството со позитива од 1,7 отсто. Само првиот квартал од 2020 беше со позитива од 0,9 отсто, за потоа земјата да влегува во ресеција со три последователни кватали во минус.