Маричиќ: Лажна е информацијата дека веќе сум се вакцинирал

0
17

Целосна невистина и лажна вест е информацијата дека веќе сум се вакцинирал. Категорично демантирам дека јас или било кој член од моето семејство има примено вакцина.

Дополнителна потврда дека се работи за целосна измислица е фактот дека информацијата ја сподели Антонио Милошоски, кој во македонското општество е познат како генератор и ревносен ширач на лажни вести, човекот кој е ретко успешен колекционер на деманти.

Не би ме изненадило Милошоски и да е „бриферот“ дека наводно јас и членови на Владата сме се вакцинирале преку ред.

Ваквите удари секако нема да ме поколебаат од намерата правдата целосно да завладее во нашата земја, а сите оние кои го прекршиле законот да одговараат.

Комплетно е јасно дека целта на ваквите дезинформации е само да ми се наруши честа и угледот“, напиша Маричиќ на Фејсбук.