МВР со детали по синоќешната несреќа во Матејче: Повредени шест лица на возраст од 27 до 44 години

0
16

МВР објави детали по синоќешната несреќа во с. Матејче, за која пишуваше ТВ21. Во експлозија на плинска боца во викендичка, повредени се шест лица. Станува збор за З.С.(27), В.И. (31), С.С.(34), Н.Н.(31), Б.Ш.(36) и М.Н.(44).

Според МВР, несреќата се случила во викендичка на место викано „Матејачки колиби“. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, а потоа транспортирани во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје на пластична хирургија.

Случајот во СВР Куманово синоќа во 21.45 часот го пријавиле од Општата болница-Куманово.

Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.