Меркел: Влеговме во најопасната фаза од пандемијата

0
24

Како што наведува канцеларката, постои ризик од нови, мутирани соеви на коронавирусот кои ќе бидат имуни на вакцината.

Меркел најави дека мора да воведе полициски час во сите делови на Германија со голем број на заразени.

„Ние влеговме во најопасната фаза од пандемијата. Во наредните неколку недели ќе се знае дали можеме да ја држиме пандемијата под контрола“, порача Меркел.

Хелгe Браун од кабинетот на Меркел потврди дека земјата влегува во најопасната фаза од пандемијата.

„Доколку повторно имаме голем број на заразени, постои голема опасност вирусот да мутира и да стане отпорен на вакцините.  Во тој случај ќе ни биде потребна нова вакцина и вакцинирањето би започнало повторно од почеток“, предупреди тој.