МИА: Kовачки казнет поради закана кон началникот на ГШ Ѓурчиновски

0
76

Полковник Драги Ковачки е казнет шест месеци со по 30 проценти од плата поради закана кон началникот на Генерал штабот, генерал-потполковник Ѓурчиновски, објави МИА, повикувајќи се на Министерството за одбрана..

Главната военодисциплинска комисија првично предложила најстрога дисциплинска мерка – губење чин, која предвидува престанок на работниот однос, но министерката за одбрана Шеќеринска, водејќи се по начелото на сразмерност на казната со вината, ја оценила оваа мерка за престрога, па подоцна, му била изречена мерката за 30 проценти пониска плата во траење од половина година..

Како што објави МИА, Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓурчиновски му се заканил со пораката „долга е раката на ВМРО“ испратена преку вибер комуникација..

Пред еден месец, откако Ковачки поднесе кривична пријава против министерката Шекеринска, таа на својот фејсбук профил напиша дека против полковникот се води дисциплинска постапка поради закани кон началникот на генералштабот..