Министерката Стефкоска – Ќе побарам од владата да и се одземат ингеренциите на општините Охрид и Струга оти немаат интерес да го заштитат наследството впишано во Унеско

0
20

Очигледно дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, соопши денеска министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска откако почна да се урива ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989.