Министерката Стефоска: Ние сме неспособни!

0
64

Од Движењето за социјална правда „Ленка” објавија изјава на министерката за култура – Ирена Стефоска, во која министерката тврди дека власта не е способна да го заштити Охридското езеро и дека добро е да се изгуби статусот на Унеско.


„Министерката со признание дека ВЛАСТА Е НЕСПОСОБНА да го заштити Охридско езеро. Ако министерката не е способна да го спаси едно од најголемите природни македонски богатства, тогаш зошто воопшто се кандидирала за министер и уште поважно, зошто не поднесе оставка?!

Стефоска само нафрлува одговорност на институциите, без јасно да предочи дека токму во нејзината матична партија е одговорноста! Очигледно кадрите на СДС се способни само за неуставно менување име на држава, откажување од националната борба и уништување на јадрото на нацијата!” – пишува во објавата на Ленка.