Мицкоски се закани: Нека продолжат со сила да го туркаат пописот и влегуваме во политичка криза

0
17

Нема да бидеме конструктивна опозиција, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Алфа, најавувајќи дека ќе ги повикаат граѓаните да си го заштитат здравјето и да не отвораат врата ако се чувствуваат небезбедни

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на ТВ Алфа, нагласи дека здравјето нема цена и дека закани со казни, доколку некој одбие да се попише, се глупости.

„Ние ќе повикаме граѓаните да си го заштита здравјето. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, еве јас се чувствувам небезбеден, да не отвораат врата. За тоа нема кривични пријави, тоа се се глупости. Тоа ништо не важи, нека не се плашат, ниту некој може да ги казни, ниту пак некој ќе ги казни. Чувајте си го луѓе здравјето, затоа што животот нема реприза. Тоа што ние имаме неразумни луѓе, ќе дојде таа одговорност порано или подоцна“,

рече Мицковски