Мицкоски: Сите ги одложуваат пописите, мора и ние

0
16

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш побара одложување на пописот веднаш, посочувајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник, како и дека голем број држави кои сакале да организираат пописи – ги откажале поради пандемијата.

„Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата“, објави Мицкоски на Фејсбук.