МНР со протестна нота до Бугарија за видеото на европратеникот Џамбаски

0
19

Скандалозниот спот со елементи на иредентизам под наслов “ Македонија е бугарска, а Бугарија е над се” на европратеникот и заменик претседател на ВМРО-БН Ангел Џамбазки ги натера македонските власти преку амбасадата во Бугарија да испратат протестна нота до официјална Софија.

-Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската Унија, што е директно и спротивно на идеалите и вредностите на ЕУ, на кои двете земји силно се посветени- стои во соопштението на МНР.

Во спотот се прикажани кадри од Скопје и Охрид кои Џамбазки ги нарекува бугарски градови. Европратеникот со низа навреди насочени кон Македонскиот народ обвинува дека Македонците лажат за својот идентитет и вели колку повеќе ја мразите Софија, толку повеќе Охрид останува бугарски.

Овој случај дополнително ги разбрани односите помеѓу Скопје и Софија откако изминатата недела Бугарија испрати протестна нота до Македонија по запирањето на 920 книги на граничниот премин Деве Баир кои биле наменети за бугарскиот културен центар во Скопје, а во Софија беше повикан македонскиот амбасадор за извештајот на ИФИМЕС во кој беше објавено дека бугарските власти пласираат невистинити податоци за потеклото на Македонците и корените на македонскиот јазик и идентитет.