Мрежа за интерконекција на течен гас помеѓу Северна Македонија и Грција

0
21

„Во контекст на подобрување на гасната инфраструктура, ве известуваме дека Владата го разгледа и прифати текстот на Усогласениот договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за изградба на интерконекција за пренос на природен гас. „Овој договор за заедничка изградба на интерконекторот со Грција ќе овозможи гасно поврзување на Централна и Југоисточна Европа, со цел да се унапреди разновидноста и конкуренцијата на снабдување со природен гас и безбедност во снабдувањето во регионот“, изјави Мухамет Хоџа, портпарол на Владата на Република Македонија.

Според Студијата за изводливост, вкупната вредност на проектот е 103 милиони евра. Македонскиот дел со должина од 68 километри ќе чини 55 милиони евра, додека грчкиот дел долг 50 километри ќе чини 49 милиони евра