Над 130 илјади граѓани од дијаспората се самопопишале досега

0
23
Државниот завод за статистика информира дека денеска заклучно со 23 март во 8 часот, бројот на попишани граѓани од дијаспората изнесува 130.009 илјади.

 

Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина“, посочуваат од таму.

Тие потсетуваат дека самопопишувањето не е обврска, туку е должност кон татковината и кон сопствените корени.