Најава за вонредна состојба само да се одблокира парламентот

0
23

Средба утре меѓу премиерот Зоран Заев, претседателот на парламентот Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде последниот обид да се најде решение за деблокирање на законите што заглавија во Собранието. Средбата се очекува да се одржи пред седницата за пратенички прашања, а Заев не ја исклучува ниту можноста за прогласување вонредна состојба.

Во меѓувреме, лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, излезе со понуда до власта. Пред седницата за пратенички прашања да биде закажана седница со четири точки на која тие се подготвени да создадат кворум.

„Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.