„Најк“ ја тужи компанијата што направи патики на ѓаволот

0
20

Производителот на спортски опрема Аthletic Nike Inc во понеделникот покрена тужба против компанија со седиште во Њујорк која ги направи таканаречените Satan Shoes (сатански патики), кои, наводно, содржат капка човечка крв – како дел од соработката со раперот на Old Town Road, Лил Нас Х.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Њујорк, „Најк“ тврди дека таканаречените сатански патики  се произведени без одобрение и овластување на „Најк“, и дека „Најк“ во никој случај не е поврзан со овој проект.

„Најк“ во тужбата наведува дека компанијата MSCHF Product Studio Inc го повредила неговиот заштитен знак со црно-црвените обувки со ѓаволска тематика, кои во понеделникот почнаа да се продаваат на интернет. Раперот Лил Нас не е именуван како обвинет во тужбата.

„Satan Shoes се модификација на Nike Air Max 97 кои содржат црвено мастило и една капка човечка крв во ѓонот,“ се наведува на веб-страницата која ги опишува 666. пара чевли со ограничено издание. На задниот дел од едната обувка стои натпис MSCHF, а на другата пишува Lil Nas X.

Неколку портали објавија дека „сатан шус“ се распродадени за помалку од една минута по цена од 1.018 долари по пар.

Лил Нас Х напиша на Твитер дека тој лично ќе го избере примателот на 666. пар од корисниците на социјалните мрежи кои циркулирале еден од неговите твитови.