На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 граѓани

0
58

Весиќ оцени дека денеска бил добар ден за Белград кога е во прашање вакцинацијата

На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 граѓани, меѓу кои и странци, соопшти заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Вакцината на „АстраЗенека“ ја примиле 5.299 лица од кои повеќето се странци – рече Весиќ за агенцијата Бета, додавајќи дека се ревакцинирале 1.147 лица.

Според него, во БелЕкспо Центарот се вакцинирале 2.629 граѓани.