Неделен извештај на ИЈЗ: 23 отсто повеќе нови ковид случаи

0
51

Од 1 до 7 март направени се вкупно 21.090 тестирања за ковид-19 и регистрирани се вкупно 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 23 проценти повеќе во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што беше објавен денеска. Речиси половина од новорегистрираните случаи се од Скопје – 2.160 или 48,3 проценти. Највисока неделна инциденца, според извештајот, е регистрирана во Неготино и Демир Капија.

Во извештајот се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена, со 23 отсто, е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број новозаразени е регистриран кај децата од 0-9 и од 10-19 години. Во истиот период пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, што е за 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела, покажува извештајот на ИЈЗ.