Нема викенд карантин – заседаваше комисијата за заразни болести

0
20

Комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој не предложи нови мерки до Владата. Тоа значи дека ќе нема никакви нови дополнителни мерки, односно ќе нема викенд карантин.

На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6 април.

Комисијата за заразни болести оваа одлука ја донесе по согледувањата на новозаразените во последните неколку дена. Иако бројките се во пораст, сепак, Комисијата одлучи да нема дополнителни мерки.

Комисијата ќе заседава повторно најверојатно во понеделник.