Несторовски си го доби заслуженото – нема да игра против Германија

0
70

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски соопшти дека го исфрлил Илија Несторовски од националниот тим, по синоќешниот испад на фудбалерот на Удинезе на дуелот против Лихтенштајн.

Искусниот напаѓач постигна гол од пенал за 5-0 по што се заврте кон камерата, го стави прстот на уста, а потоа жолчно опцу. По натпреварот објасни дека пцовката била наменета кон три лица, без да каже кои се тие, но тоа беше слаб изговор за направената глупост.

Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

 

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, објасни Ангеловски.

Македонија игра против Германија в среда во Дуисбург. Кој ќе го замени Несторовски, ќе се знае