Не било фер да го напаѓаат: Рашковски се прогласи за невин за попусто купениот скап софтвер

0
41

Екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој минатата година набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за 81 илјади евра, кој Министерството за внатрешни работи не може да го користи, негира дека има врска меѓу софтверот за кој добил награда и софтверот кој го набавил за МВР.

Иако софтверот веќе е купен, од МВР негираат дека надворешни лица и органи можат и треба да бидат дел о процесот на набавка на опрема, поради што софтверот нема да може да биде дел од системот „Безбеден град“ преку кој полицијата ќе санкционира несовесни возачи преку видео надзор.

Поранешниот генсек Драги Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, бидејќи во Македонија не било можно да патентираш софтвер, туку само идеја.

„Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар.

За да биде уште појасна огромната разлика меѓу идеја и софтвер (производ), ја информрам јавноста дека уште во 2013 година имам патентирано идеја и за гласање со отпечаток од прст. И ја користам оваа прилика од напред да отфрлам каква било поврзаност на мојата патентирана идеја со било каков евентуален софтвер кој државата евентуално би го набавила после евентуален политички договор за употреба на таков софтвер за изборни процеси. Имам патентирани идеи и за попис од 2013 година, за поврат на ДДВ од 2016 година.

Не е во ред да бидам напаѓан затоа што сум имал идеи и истите сум ги патентирал, а денес се достапни како јавни добра и за нашата земја и за светот“, вели Рашковски.