Николовски – Имам право на одмор во Дубаи, работам по 16 часа на ден

0
19

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски вели дека работи по 16 часа дневно и како секој граѓанин имал право на на одмор, притоа додавајќи дека можеби направиле што за одмор го избрале Дубаи.

-Љупчо Николовски, како било кој друг граѓанин има право на одмор законски како што го следува и тоа што ми следува законски нема да дозволам никој да ми го попречи. Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено и одговорно, имам право да ги посветам на сопругата. Можеби контекстот, од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи. Но, Љупчо Николовски ниту се вакцинирал, ниту правел бизнис, туку се бори против криминалот. Свесен сум дека вакви удари ќе има, но нема да ме поколебаат, изјави Николовски при денешната негова посета во Велес.