Нова анкета за рејтингот на политичките партии

0
34

Europe Elects објави истражување за довербата на граѓаните во политичките партии во Македонија:

Според оваа анкета спроведена на почетокот на март со 1109 испитаници, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во Македонија со 34,7 проценти.

За СДСМ би гласале 31,9 проценти, за ДУИ 10,4 проценти, за Алијанса за Албанците и Алтернатива, 8,9 проценти, за Движењето БЕСА, 1,7 проценти и за Левица, 6,6 проценти.