Нови 333 случаи на КОВИД-19, починаa 10 лицa

0
47

Во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 268 пациенти, а починале 10 лицa.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на дијагностицирани е 107.163.

Од новорегистрираните КОВИД-пациенти, во Скопје се 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.