ОВК со остра реакција на присуството на Артан Груби и Назим Буши на јубилејот на „тигрите“

0
50

Вчерашната церемонија по повод 40-годишнината од формирањето на единицата „Тигри“, каде што беше присутен и првиот вицепремиер Артан Груби и заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, предизвика остра реакција на ОВК.

„На 8 септември, Република Северна Македонија ќе ја прослави 30-годишнината од основањето како демократска држава. Додека денес беше одбележана 40-годишнината од постоењето на Специјалната единица „ТИГРИ“ !!! Можеби помладата генерација не знае за тоа, но вие кои сте генерација на тоа време сигурно знаете и добро се сеќавате кој и зошто ја формираше оваа единица. Во март 1981 година, неколку дена откако започнаа студентските демонстрации на Косово, беше донесена одлука од Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија итно да се формира специјална единица за да се спречи револуционерниот дух на Албанците, да се запре напливот на демонстрации и физички да ги ликвидираат извршителите на „албанскиот национализам, иредентизам и сепаратизам“, се вели во реакцијата на ОВК.

Во реакцијата се споменуваат и настаните на Универзитетот во Тетово и на оние гостиварските.

Истата специјална единица се бореше против Универзитетот во Тетово и го уби Абдиселам, истата специјална единица го силуваше нашето национално знаме убивајќи, апсејќи и малтретирајќи Албанци во настаните во Гостивар. Истата специјална единица ги уби и нашите соборци. Со какво лице имаат совест овие луѓе? !!! Едниот вицепремиер, а другиот заменик-министер, денес се поклонија пред волци и кучиња, Се поставува прашањето, кои луѓе ги претставуваат Артан Груби и Назим Буши“, се вели меѓудругото во реакцијата.