Од Кабинетот на Вучиќ и УНС го потврдија вакцинирањето на 100 македонски новинари во Врање

0
25
epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ потврдија дека сто новинари од Македонија, на молба на Здружението на новинари на Србија (УНС) ќе бидат вакцинирани против коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.

И претседателот на УНС Владимир Радимировиќ, за МИА изјави дека „УНС на барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН) побарала и било одобрено преку кабинетот на српскиот претседател, во Врање во вторник да се вакцинираат 100 медиумски работници, како и истите да бидат ревакцинирани“.

Синоќа агенцијата Бета и српските медиуми, повикувајќи се на македонските медиуми, соопштија дека во вторник во Врање, 100 македонски медиумски работници ќе бидат бесплатно вакцинирани со вакцината на АстраЗенека.

Во Србија можат да се вакцинираат само лица кои имаат српско државјанство или регулиран престој во оваа држава, како и оние со двојно, македонско и српско државјанство.

Најновите податоци на Владата на Србија покажуваат дека досега во Србија се дадени 2.163.593 дози вакцини против коронавирус, а втората доза ја примиле 858 461 лице.

Србија е прва во Европа по бројот на граѓани кои ги примиле обете дози на вакцината на милион жители (126.159). Зад Србија се Малта, Данска, Швајцарија, Унгарија и Норвешка.

Граќаните на Србија може да бираат со која вакцина сакаат да се имунизираат, меѓу Фајзеровата, Спутник В, кинеската Синофарм и АстраЗенека,

Денеска по прв пат на белградскиот саем со вакцината на АстраЗенека се врши вакцинација без закажување, а директорот на пунктот за вакцинација на саемот, д-р Зоран Бекиќ, апелираше до граѓаните во што поголем број да дојдат да се вакцинираат со оваа вакцина, без да аплицираат преку Е-управа.