Од петок започнува вакцинацијата на населението од тетовско со Астра Зенека

0
23

Од петок започнува вакцинацијата на населението од тетовско со Астра Зенека на возраст над 77 години. Ќе се вакцинираат на вакцинален пункт во дворот на здравствениот дом Тетово. 

До денес во Здравствениот дом Тетово испратена е пратка од 800 вакцини од Астра Зенека, наменета за група на пациенти над 77 години. Диструбицијата на вакцините ќе продолжи сукцесивно, според пријавените граѓаните за имунизација, чиј интерес во последно време е доста голем.

 

Дoкторите советуваа пред секоја имунизација пациентите да се консултираат со матичен лекар.

Во меѓувреме расте бројот на инфицирани и хоспитализирани пациенти со КОВИД 19. Вирусот не бира има и доста млади заболени.

И додека се бара болнички кревет повеќе пуштањето во употреба на модуларната и натаму се одолжува. И денес со ветување дека од наредната недела овој објект ќе биде функционален.

Модуларната се наоѓа во кругот на Клиничката болница Тетово со капацитет за 36 пациенти.