Од утре ќе почнат преговорите со соседите за признавање на Ковид пасошите, истакна Бектеши

0
20

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција ја промовираше програмата за промоција на обновливи извори која ја донесе Владата на РСМ. Оваа година се предвидени 4 мерки во вредност од 52 милиони денари.

-Надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети – 14 милиони денари, субвенцијата е 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинства, односно до 70 %, не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања.

-Надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на ПВЦ прозорци – 22 милиони денари, до 50 % но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 %, не повеќе од 25.000 денари за лица со ниски проходи.

-Надоместување на дел од трошоците за купени и вградено сончеви термални колекторски системи – 8 милиони денари, субвенции до 30 %, но не повеќе од 10.000 денари, односно до 70 %, но не повеќе од 15.000 за лица со ниски приходи.

-Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели до 4 kW – 8 милиони денари, субвенции до 30 %, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се сметаат оние кои се вработени со месечни приходи до 30.000, пензионери со месечен проход до 20.000 денари и ранливи категории приматели на социјална помош.

Распределбата по плански региони значи дека најмалку развиените региони ќе добијат најмногу средства.

Министерот Бектеши истакна дека фискалните за печки за пелети и фотонапонските електрани ќе важат од 1 јануари 2021 година, за фотоволтаиците ќе може да се аплицира до 30.06.2021, бидејќи е нова мерка, а другите огласи ќе важат до 31.05.2021, освен ако порано не бидат исцрпени сите средства.

На новинарско прашање зошто ги одложувате разговорите со Грција, бидеји видовме дека вакцинацијата не е едиинствен предуслов за влез во Грција, видовме дека Србија ќе можат да влегуваат и со негативен ПЦР тест и со тест за антитела, зошто ние да не можеме, министерот рече дека не преговараат, но тоа не значи дека нема да преговараат и во иднина. Од утре сите институции ќе стапат во контакт со нашите соседи да најдеме заедничко решение за признавање на ПЦР тестовите и тетсовоте за антитела. Тој рече дека ќе преговараат со сите соседи за взаемно признавање на тестовите и да ги прифатат Ковид пасошите

Извор ММС