Османи вели дека ќе се субвенционира фер застапеност во приватниот сектор

0
68

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку Фејсбук информира дека Владата одобри субвенција за правична застапеност во приватни компании.

Денес Владата одобри два важни проекти кои беа ветувања во изборната кампања: 1. Субвенционирање на правична застапеност во приватни компании; „Закон за прогласување на Шар Планина за национален парк“, напиша Османи, пренесува ТВ21.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, исто така, напиша за правична застапеност во приватните компании, но без да објасни дали станува збор за „субвенција“ или само за принципи.

За време на денешната седница, владата ја одобри одлуката за почитување на принципот на правична и соодветна застапеност на сите социјални категории во приватен сектор во однос на националноста, полот, религијата, расата во согласност со стандардите утврдени од Обединетите нации и Меѓународна организација на трудот “, напиша вицепремиерот Груби.