Остранет дефектот на новиот водоводен систем во Тетово, од денеска ќе се намалат рестрикциите, од утре целосно водоснабдување

0
139

Тетовци деветти ден без вода за пиење.Чуваат резерви во шишиња која не е доволна за одржување на лична хигиена во време на пандемија Од ЈКП Тетово, велат дека е остранет дефектот на цефководот кај месноста Лешница, кој е дел од новиот водоводен систем. Денеска се пуштени дополнителни 50 литри вода во секунда, а од утре уверуваат дека целосно ќе се стабилизира состојбата со водоснабдувањето во градот

Тетово неодамна се соочуваше со заматена вода, а сега со неодостиг. Губењето квалитет и квантиет на водата има сериозни последици врз јавното здравје во време на пандемијата од КОВИД 19, зараза на која најголем пријател и е нехигиената, велат здравствените работници.

Од ЈКП Тетово велат дека во текот на денешниот ден ќе се намалат рестрикциите, оти дефектот на новиот водовод е остранет, а водата за пиење од утре ќе ја има веќе во секој тетовски дом

Тетово има два водовода и четири бунари, но постојаните дефекти како и старата градска водоводна мрежа ги оставаат граѓаните без доволно, а често пати и со заматена вода.