Пендаровски – Благодарност до Србија, но тоа беше „срам за македонската држава“

0
19

Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, порача денес претседателот на државата Стево Пендаровски по завршување на Седницата на Советот за безбедност посветена на состојбата со пандемијата и процесот на имунизација во земјава.

„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија да се вакцинираат едноставно не смеат да се повторат“, рече Пендаровски.

„Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно, државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука“, нагласи претседатело