Пендаровски: Пишувањата на „Ла Верита“ за вакцините треба да се проверат до крај

0
68

Oна што го пишува италијанскиот медиум „Ла Верита“ во врска со набавката на вакцините треба да се провери до крај, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Претседателот Пендаровски посочи дека неговата координација со премиерот, надлежните министри и со министерот за здравство, но и со оние за европски прашања или за надворешни работи, кои имаат комуникација со надворешни субјекти или меѓународни субјекти во делот на „дај да помогнеме да најдеме вакцини“ во изминативе два до три месеци, се сведува само на координација на кој каде може и каква информација добил од некаде, од странски држави, меѓутоа не и во делот на конкретната документација која е праќана и до кого е праќана.

– Значи се што знам, знам од тоа што весникот го објавува и има мала дилема околу кредибилноста на весникот, може сум грешка меѓутоа не би одел кон тоа, значи секој медиум или социјална мрежа кога објавува нешто треба со должно внимание да го претресеме тоа прашање до детали, зошто не можеме да кажеме ти не си кредибилен и овие другите само ќе ги слушаме. „Ла верита“ треба да се провери до крај и при тоа, плус од тоа што тие го објавуваат денеска во второто продолжение, а објавуваат и документи од таа коресподенција, со некои кинески компании, односно компании од Хонг Конг и со кинеските официјални институции, Министерство за надворешни работи и плус имаме информација денеска од министерот за здравство кој кажува зошто тоа е направено, откако им било предочено од кинеското МНР дека тоа не е патот кој треба да се оди, тие се враќаат назад и го враќаат тој капар, рече Пендаровски