Пописот на бездомните лица е целосно завршен, првичната бројка е околу 350 лица

0
14

Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика. Првичната бројка е околу 350 лица, она што беше и таргетот и од нашите сознанија, почнувајќи од Визбегово, Чичино Село, значи е завршен тој процес на попис. Сега останува големиот дел на пописот што стартува од 1 април, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.