Поради фалсификувани негативни ПЦР-тестови на аеродром, кривична за 10 лица

0
62

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријава против Б.Ф.(44), Б.Ф.(43), В.Ф.(37), А.Ф. (37), К.А.(23) – македонски државјани, против Е.К.(42), Д.О.(40), Т.Е(32), Ј.Ј.(53) и Ј.Х.(48) – турски државјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Во периодот од 25 февруари 2021 до 1 март 2021 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје, на излез од Република Северна Македонија, пријавените приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови.