ПОСКАПЕА ЦИГАРИТЕ

0
87

Дистрибутерите велат дека зголемувањето на цените на домашниот пазар од 5 до 10 денари се должи на зголемувањето на цените од страна на производителите.

„Цигарите со кои работиме поскапеа за 5 денари како резултат на зголемувањето на цената од страна на добавувачите и ова поскапување нема никаква врска со зголемувањето на акцизата“, велат од Еуротабак.

Следното зголемување, како резултат на зголемувањето на акцизата, се очекува во јули.