Починатите родилки немале претходни болести, едно од бебињата се бори за живот

0
23

За два дена, две родилки на околу 30 годишна возраст кои немале никакви хронични болести ја загубија битката со коронавирусот. И на двете им била втора бременост, обете се породени со царски рез на ГАК. По породувањето триесет и двегодишната родилка од Скопје е префрлена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Триесет и тригодишната мајка од Делчево пак, била транспортирана во ГОБ „Осми септември“ каде што поради потешката состојба на пациентката на помош доаѓале и лекари од КАРИЛ. Кај едната последиците од вирусот довеле до респираторна слабост, кај другата, причина за смрт е откачен тромб, појаснува за Канал 5 Д-р Маја Мојсова, раководителка на КАРИЛ.

Детето на родилката е добро и веќе е дома, но бебето на родилката од Скопје што почина на КАРИЛ, се бори за живот. Родено е пред време и е во инкубатор, вели Д-р Виолета Јовановска, Директорка на Гинеколошко акушерската клиника.

За 8 дена коронавирусот зеде 246 жртви, а црниот биланс од почетокот на пандемијата во земјава брои околу 3750 починати, од нив, пет се родилки.