ПОШТА ГИ ОТВОРИ ШАЛТЕРИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ

0
81

Стартува плаќање во готово преку шалтерите на Пошта

Од денес, 1 Март, започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

На прашањето на „Слободен печат“ за износот на провизиите и дали од пошта преговараат со државни фирми како ЈП „Водовод и Канализација“ или „ЕВН“ за тие да ги подмируваат трошоците, а не граѓаните, Директорот на пошта, Јани Макрадули изјави:

„Услугата која банката ја прави во име на поштата е дефинирана од банката и како било која банка си пресметува провизија на услугата што ја врши, на финансиската услуга на платниот промет. Халк во име на пошта го врши платниот промет и финансиските услуги кон граѓаните.“