Премиерот Зоран Заев одговори што ќе се случи ако се самопопише некој што нема државјанство?

0
16

чера партијата Левица обвини дека на апликацијата за самопопишување се попишуваат и граѓани кои немаат државјанство. Денеска премиерот Зоран Заев, по средбата со Христијан Мицкоски, одговори што ќе се случи со тие што ќе се самопопишат, а немаат државјанство, односно не исполнуваат услови.

„Ако има такви податоци, автоматски ќе бидат избришани. Тоа што јас го знам, го имаме изводот на државјанин. Ако било кој што нема државјанство се попише, тоа се брише“, рече Заев.

Заев и Мицкоски се договорија апликацијата за самопопишување да биде активна до 30-ти септември, до завршување на пописот со физичко присуство.

Пописот требаше да се одржи во април, но власта и опозицијата денеска се договорија истиот да биде одложен за септември.